Категории

5 совети за козметиките кои се докажаа како митови

Модерната жена секојдневно се среќава со многу совети кои имаат за цел да и помогнат во усовршување на нејзиниот мејкап ритуал.

Но има едно нешто за што забораваат да се информираат, а тоа е за валидноста на сите совети и нивната вистинска ефикасност. Погледнете само дел од нив и проверете дали вие ги правите овие грешки.

Мит #1: Црвен кармин не е за сите

Факт: Ова е 110% лага. Црвениот кармин им прилега на сите. Единствено што треба да се направи да се избере вистинската нијанса.

Мит #2: Маскара треба да се фрли откако ќе се исуши.

Факт: Секоја маскара трае 3 месеци од првата употреба бидејќи од овој продукт најлесно може да се добие инфекција на очите. Со тек на време, маскарата станува идеално збирно место за бактерии.

Мит #3: Можете да нанесувате водоотпорна маскара секој ден.

Факт: Ако причина за редовно нанесување на водоотпорна маскара е потенцијалната можност за дожд, нека не ви биде повеќе. Водоотпорната маскара е потешка за отстранување. Во секој случај потребно е многу триење, а со тоа вашите трепки би станале покревки.

Мит #4: Навистина не е неопходно да ја отстранувате шминката пред да легнете да спиете

Факт: Нашата кожа се регенерира, храни и станува посвежа додека спиеме. Ако ја оставите вашата шминка преку ноќ, порите се затвораат и ја оставаат кожата дехидрирана и склона на инфекции.

Мит #5: Козметиките немаат рок на траење и можат да се користат додека не се потрошат

Факт: Не, и повторно не! Сите производители на козметики го истакнуваат рокот на траење на продуктите на задната страна на пакувањето. Одбројувањето започнува по првото отварање на производот.

Прегледи:
402
Објавено на:
03.12.2016