Категории

5 типови на жени кои поради својот карактер не поминуваат добро во љубовните односи

Секој од нас има доблести и маани, но некои жени енергијата ја насочуваат кон погрешна цел и честопати делуваат одбивно кон спротивниот пол. Како резултат на тоа, нивните врски завршуваат неуспешно. 

Жени кои нон-стоп уживаат во трачеви

Жените кои негативно говорат за другите и омаловажуваат се околу себе, дефинитивно ги одбиваат мажите. Понекогаш е нормално да имате коментар за некого, но не и тоа да ви стане приоритет. Мажите не сфаќаат зошто жените имаат потреба секогаш нешто да коментираат и приговараат. Тие се водат по едноставна логика – доколку нешто ми пречи, тоа сам ќе го променам, а ако не можам, ќе се повлечам.

Жени кои се опседнати со диети

Доколку секоја втора реченица ви е „Нема да го јадам ова, има премногу калории“, тоа набргу ќе го оддалечи од вас. Но, доколку згора на тоа почнете и да му приговарате во стилот: „Зошто пиеш пиво, знаеш дека тоа дебелее“, експресно ќе избега од вас. Мажите сакаат кога жените се опуштени и знаат како да уживаат во животот. Нормално, тоа не значи дека треба да претерувате, но некогаш треба да се препуштите на некое слатко уживање.

Жени кои многу зборуваат за работата

Одлично е доколку си ја сакате работата, но нема никаква потреба особено на своето момче да му ја полните главата со рокови, колеги, шефови или презентации, бидејќи ќе биде јасно дека немате ниту една друга тема на која би разговарале. Мажот можеби го интересира, на пример, што мислите за него, што би сакале да правите кога не сте на работа, вашето хоби, вашите ставови… Доколку сакате да имате дечко, време е да престанете да размислувате исклучиво за работата и да почнете да си го живеете животот.

Жени кои се незадоволни со своите роднини

Навистина се ретки оние кои имаат совршени роднини, кои никогаш не се скарале и кои со сите имаат генијални односи. Меѓутоа, тоа не е причина постојано да зборувате за нив и да ги оговарате. Доколку немате ништо добро да кажете за нив, прескокнете ја таа тема.

Жена која глуми мајка

Обично некои жени сметаат дека знаат се, па така и се однесуваат – како врвен советник. Имаат чувство дека мораат да ги чујат сите проблеми на овој свет и секако сакаат да ги решат во истиот момент, бидејќи кој ако не тие? Опседнати се со тоа, момчето секогаш да го заморуваат со премногу прашања, а потоа да му поделат „мудри совети“. Факт е дека ниеден маж не сака да се состанува со својата мајка.

Прегледи:
554
Објавено на:
06.06.2018