Категории

5 важни нешта кои жените би требало да ги задржат во тајност

Како што е четката за заби, така постојат и некои нематеријални нешта кои би требало да ги задржите само за себе и да не ги делите со другите. Никој не го оспорува фактот дека врската се гради на довербата, но исто така никому нема да му наштети доколку некои работи останат во тајност.

1. Килограми

Иако гледате некои фитнес инструкторки кои цел живот го посветиле на вежбање и гордо ги споделуваат своите килограми на Инстаграм, повеќето жени оваа бројка подобро е да ја задржат за себе. Дамата сепак не се прашува за години и килограми, зар не?

2. Бројот на партнери

Ретко која жена, која има активен сексуален живот, ќе сака да открие со колку момци спиела досега. Всушност, мажите и не треба да се распрашуваат, бидејќи таа цифра не влијае на нејзината актуелна врска.

3. Апетит

Понекогаш на жените им е непријатно да кажат дека и по обиниот оброк се сѐ уште гладни. Тоа најчесто се однесува на почетокот на врската, пред вистината да излезе на површина.

4. Способноста во „машките“ работи

Ако го има соодветниот алат, речиси секоја жена ќе успее да го склопи било кој ден од мебелот или да поправи некој дефект. Некои жени, тоа нема да го признаат на својата посилна половина, само за да не ја намалт неговата улога на маж во куќата.

5. Незадоволство по сексот

За да не го нарушат егото на својот маж, жените најчесто премолчуваат лоши моменти, како и тоа дека не се во потполност задоволени. Во ред е тоа да го направите еднаш или два пати, ако чувствувате дека тоа не е негов ден, но во иднина дајте му некои насоки за двајцата да уживате на долги стази.

Прегледи:
542
Објавено на:
02.10.2018