Категории

50 години? Хали Бери изгледаше неверојатно во фустан од Версаче на Оскар

Кој би поверувал дека Хали Бери веќе чекори во шестата деценија од својот живот?

50-годишната актерка ја истакна неверојатната фигура во фустан со реси од Версаче на оскаровската свеченост. Својот изглед младоликата актерка го надополни со обувки од брендот Vince Camuto и накиот од Forevermark.

Бери привлече големо внимание со својата природна фризура и минималната шминка. „Со овој изглед, ја славам мојата природна коса, дозволувајќи да биде слободна и дива“ – рекла славната холивудска ѕвезда.

На манифестацијата, Хали му ја додели наградата за Најдобар режисер на Демиен Шазел за „La La Land“.

Хали Бери е првата црна актерка во историјата која ја има освоено статуетката за Најдобра актерка. Таа победи во 2002 година, кога низ солзи одржа моќен говор на сцената.

ВИДЕО

Прегледи:
672
Објавено на:
27.02.2017