Категории

6 грешки кои ги правите при нанесувањето пудра

Добрата шминка зависи од тоа како ја нанесувате подлогата. Фактот кој досега сите го усвоивме, но поголемиот дел од жените сеуште го прават е токму подлогата. На самиот почеток на новата година, мораме да се ослободиме од некои навики и да ги спознаеме грешките кои досега сме ги правеле, така што ова година нема повеќе место за несовршено нанесен мејкап.

1. Нанесување премногу слоеви
Многу жени веруваат дека колку повеќе слоеви нанесуваат толку ќе е подобра прекривноста, но тоа е голема грешка. Тајната не се крие во слоевите туку во идеалната пудра која одговара на вашата кожа. Ако нанесете премногу слоеви на деловите на лицето кои особено сакате да ги прекриете, поголемиот дел од подлогата само привлекува повеќе продукт на тој дел од лицето. Изедначената подлога дава природен изглед на вашето лице.

2. Тестирате пудра на вашата рака
Врежаното правило дека при купување на пудра и коректор и при избирање на соодветна нијанса треба да ја тестирате на вашата дланка е погрешно. Бојата на лицето и на вашата дланка не е иста, најдобро место каде што треба да ја тестирате нијансата на новата пудра е вратот.

3. Нанесувате коректор под пудрата
Прво нанесувате коректор а потоа ја нанесувате пудрата? Уште една грешка! Со пудрата само го бришете веќе нанесениот коректор, а со самото име коректорот значи корекција на она кое не можете да го корегирате со пудрата. Прво се нанесува пудрата а потоа коректорот на критичните делови.

4. Не користите прајмер
Вашата пудра ја менува бојата во текот на денот? Веројатно сте заборавиле да нанесете прајмер. Во текот на денот пудрата доаѓа во контакт со природните маска кои ги лачи лицето и доаѓа до оксидирање односно потемнување на пудрата. Подлогата одлично го спречува тоа, затоа отсега користете соодветен прајмер за типот на вашата кожа во зависност дали е сува, комбинирана или масна.

5. Нанесувате пудра само до работ на вилицата
Линијата која се забелеќува до каде сте ја нанеле пудрата е навистина непосакувана и изгледа лошо, без разлика колку пудрата добро се совпаѓа со тенот на вашиот врат, секогаш нанесувајте пудра и на него и добро блендајте.

6. Пудрата почнува да се масти
Ако имате комбинирана или масна кожа, после одредено време вашето лице ќе почне да сјае. Со цел да го избегнете тоа, течната пудра фиксирајте ја со помош на пудра во прав.

Прегледи:
348
Објавено на:
06.01.2017