Категории

6 лесни летни модни комбинации од улиците на Њујорк

Топлите летни денови низ градскиот бетон знаат да бидат неподносливи, а за да ги преживеете температурите и истовремено да изгледате беспрекорно ви се потребни шик и модерни комбинации.

Ова е модата од улиците на Њујорк, кои можеби се далеку од нашите по модата, но барем во температурите и бетонот сме блиску. Тоа не значи дека не може да се инспирираме од нивната мода и да изгледаме шик и тренди. Па така, што да носиме ова лето?

Ултрамодерниот топ на врвзување, во комбинација со макси здолниште. 

Миди удобен фустан и удобни чевли се одлични за целодневно завршување на обврските. 

Нешто сосема неочекувано, како фустанот инспириран од ноќница и сламена ташна. 

Класичниот кошула-фустан, „зачинете“ го со каиш ташна. 

Мини тексас здолниште со тренди кошула. 

Монохроматскиот изглед е одличен, а за летото одберете свежа летна боја.