Категории

6-месечно бебе влезе во Гинисовата книга: Не може да оди, а скија на вода

Најмалите секогаш умеат да нè изненадат со некој талент за кој повеќе од очигледно се надарени уште од самото раѓање.

Таква е и 6-месечната Зајла Сент Онге од Флорида која стана најмладиот скијач на вода на светот.

Ова бебе, кое се уште не знае ниту да оди, подвигот го направи во вештачко езеро во Флорида и успеа да помине 210 метри, онолку колку што е долго езерото од едниот до другиот кај на брегот.

Нејзините родители се професионални скијачи на вода, кои очигледно уште од сега размислуваат за кариерата на својата ќерка.

Прегледи:
384
Објавено на:
29.05.2016