Категории

6 начини да го намалите апетитот без ограничување на исхраната

Дали имате зголемен апетит, a ја посакувате фигурата од вашите соништа?

Во ред е – можеме да ви предложиме неколку ефективни начини за намалување на апетитот без ограничување на исхраната.

 

Започнете го утрото со чаша вода

Исто така, не заборавајте да испиете чаша топла вода пред секој оброк. Ќе ви го наполни стомакот и затоа ќе ви треба помалку храна за да се чувствувате сито. Обидете се да и дадете предност на топлата негазирана вода – газирана вода може да предизвика болка во стомакот, додека ладната вода го зголемува вашиот апетит.

 

Салата во ладилникот

Доколку сте во искушение да јадете ноќе, обидете се секогаш да држите нешто корисно и лесно во ладилникот, на пример, салата од зеленчук без мајонез, кој лесно и брзо ќе се свари без да ви го расипе сонот, метаболизмот или фигурата.

 

Вистински производи

Запомнете: пилешко месо, интегралниот леб, супата и зелениот зеленчук ќе ви помогнат да го намалите апетитот.

 

Оптички илузии

Оптичките илузии се исто така добро средство за слабеење. Така, на пример, јадењето со светли бои (особено сината) го намалува апетитот. Обидете се и да јадете од мали чинии.

 

Режим на исхрана

Јадете мали оброци пет пати на ден – или поделете ја вашата храна на три главни оброци и две закуски.

 

Прошетка

Ако сакате да јадете, излезете и поминете барем 10-15 минути надвор. А кога ќе се вратите, испијте чаша топла вода и изедете ја салатата од ладилникот.

 

Прегледи:
615
Објавено на:
15.10.2019