Категории

6 најчести грешки кои ги правите со маскарата

Иако најповеќе ја користиме од сите make up производи, со неа најмногу грешиме. Дури и оние кои се минималисти во шминкањето и сакаат што поприроден изглед, знаат дека маскарата е апсолутен must have. Но, иако веројатно ја користиме најмногу од сите останати производи за шминка, со неа и ги правиме најчестите грешки. Откријте ги 6-те грешки во шминкањето кога маскарата е во прашање!

1. Премногу ја пумпате четката
Знаеме дека сакате да извлечете што повеќе од текстрата, но запамтете дека секој пат кога ја вовлекувате четката во тубичката, во неа влегува и сув воздух кој дополнително ја суши, а да не ги споменуваме и потенцијалните бактерии.

2. Извлекувате премногу производ
Извлечете ја четката од тубичката и полека ротирајте на врвот за да го отстраните вишокот на текстура.

3. Нанесувајте на двете страни на трепките
Поголемиот дел од нас во главно ја нанесуваат маскарата само од внатрешната страна на трепките па нанадвор, но доколку сакате по волуменозен изглед и потемни трепки, тогаш пробајте да ја нанесете и на надворешната страна односно од над капаците па се до врвовите и ќе ја забележите разликата.

4. Премногу брзате
Нанесувајте ја маскарата внимателно, најмногу една минута плиус од вашето време може да да промени многу во тоа како изгледаат вашите трепки.

5. Користите само една врста маскара
Долги, полни и извиткани трепки се вашата цел, нели? Но тоа не значи дека ви требаат пет различни маскара, доволно ќе бидат две. За првиот слој одберете маскара за волумен, додека втората маскара нека биде за издолжување на трепките.

6. Употребувате стара маскара
Ако секогаш имате проблем со собирање на грутки на трепките, тоа значи дека вашата маскара пребрзо се суши и дека најверојатно е стара. Правилото вели дека маскарата треба да се менува на секои три месеци, но и порано доколку забележите дека текстурата е сува и не изгледа добро.

Прегледи:
456
Објавено на:
09.03.2017