Категории

6 навики кои ќе ве направат сиромашни

Погледнете кои навики влијаат врз вашата сметка во банка

Живот на кредит
Едно нешто е инвестиција во нешто од кое зависи вашата иднина, а сосем друго е купување на новиот iPhone преку кредит. Тоа е расфрлање без стратегија и обид да се убедите себеси а и сите околу вас дека можете да си го дозволите (всушност – не). Тоа е навистина непромислен и лош потег а негативностите од тоа следат подоцна.

Желба за заштеда
Разумното трошење е прекрасна навика. Но ако денес сте заштедиле на забар, подгответе пари за уште поскап имплант за шест месеци.

Живот од плата до плата
Финансиски компетентната личност има барем мала „стратешка резерва“ на банковната картичка. Секогаш.

Завист
Можете да се грижите за тоа како другите заработуваат повеќе. Но помудро е да поминувате време постигнувајќи сопствен успех.

Самосожалување
Колку често повторувате како ви е тешко со моменталните финансиски услови, ќе ви биде уште потешко, затоа што самите се „програмирате“ себеси за уште еден дебакл.

Мрзеливост
Многу сиромашни луѓе можат да патат со денови лежејќи на каучот поради недостиг на средства. Од некоја причина, не им паѓа на памет да станат и да пронајдат друга работа за викенд.

Прегледи:
467
Објавено на:
01.01.2020