Категории

6 навики на Бил Гејтс кои го прават најбогат човек во светот

Не може секој да биде милијардер, а луѓето отсекогаш сакале да знаат кои се карактеристиките кои ги красат успешните и богатите луѓе.

Веб страната “GOBankingRates” неодамна објави статија за навиките на Бил Гејтс кои го прават толку успешен и кои му помогнаа да дојде на позицијата на која се наоѓа денес.

Тој секогаш учи

Бил Гејтс е познат по тоа што се отпишал од Харвард, но единствена причина зошто го направил тоа е затоа што видел можност за да започне бизнис. Всушност, Бил Гејтс сака да учи и многу често одел на часови на кои не морал, а тоа е заедничка карактеристика која ја имал со Стив Џобс.

Тој чита се до што ќе дојде

“Го интересираат сите книги – енциклопедии, научна фантастика, биографии…”, е информацијата која со медиумите ја сподели неговиот татко.

И иако неговите родители биле воодушевени што нивниот син толку сака книги, тие морале да воспостават правило на основа на кое читањето било забрането на маса за време на вечерата.

Гејтс секоја година објавува своја листа на омилени книги за таа година.

Верува во себе и во своите идеи

Во животот секогаш е добро да се послушаат советите и мислењата од другите луѓе, но сите успешни луѓе знаат дека на крајот е најважно нивното мислење и дека мора да се слушате себе си, иако сите ви зборуваат дека не сте во право.

Токму тоа се случи кога Гејтс и Ален го основаа Мајкрософт. Гејтс изјави дека компанијата настанала како дива идеја за која сите верувале дека е премногу луда – дека компјутерите ќе станат алат кој ќе се наоѓа на секоја маса во секој дом. Но, токму тоа и се случи.

Учи од своите грешки

Во едно интервју од 2008 година, Гејтс изјави дека една од причините за успехот на компанијата е дека е во состојба да ги признае сопствените грешки и да проба со некој друг пристап. И самиот Гејтс сигурно во текот на годините правел многу грешки – се сеќавате ли на Видоус Виста?

Спие најмалку седум часа навечер

Сите знаеме колку е важен редовниот и квалитетен сон, а останувањето буден до доцна во ноќта дефинитивно не е нешто што треба да го правите. Тоа го знае и Бил Гејтс, кој секоја ноќ спие најмалку по седум часа. Вели дека во спротивно не би можел да функционира и да биде креативен.

Навистина се фокусира на она што го прави

Мултитаскингот не е карактеристика која го краси – Бил Гејтс се труди во секоја работа која ја извршува да биде посветен во тој момент максимално, што му овозможува своето внимание да го насочи на одредена задача без да дозволи другите да го декоцентрираат.

Прегледи:
386
Објавено на:
05.05.2016