Категории

Несекојдневни вештини што некои глумци морале да ги совладаат

Глумењето само по себе си носи свои предизвици и авантури, а една од нив е потребата да се научи нова вештина со цел да се биде уште подобар во својата улога.

Со оглед на тоа што голем дел од глумците се во улогата на личност што е комплетна спротивност од нив, најдоброто нешто што може да се направи е да се влезе подлабоко во сржта на индивидуата. Во прилог ви претставуваме само дел од предизвиците што многу славни личности беа принудени да ги научат со цел подобро да ја доживеат улогата.

1. Оливија Мун – Мечување

Поради улогата која што ја имаше во филмот „X-Men:Appocalypse“, Мун поминувала неверојатни шест часа со цел да се усоврши во мечување. Покажа неверојатни вештини коишто не се за потценување.

Image result for olivia munn x men apocalypse

2. Натали Портман – Балет

Во филмот „Црниот лебед“, Натали Портман беше во улогата на главната балерина Нина Сејерс. Поради тоа што голем дел од времето беше предвиден за играње балет, Натали се реши да го совлада балетот и тренирала дури по 5 часа на ден, работејќи и на други проекти во исто време. Поради нејзината макотрпна работа, Портман доби академска награда за најдобра глумица во нејзиниот филм.

Image result for natalie portman ballet

Роберт Дауни Џуниор – Виолина

Многу години пред тој да биде познат по неговата улога во Iron Man, Роберт глумеше во филмот за англискиот комичар Чарли Чаплин, токму во неговата улога. За подобро да навлезе во карактерот на Чаплин, беше неопходно да научи нова вештина, а тоа беше свирење на виолина.

Image result for robert downey jr the violin

Џозеф Гордон Левит – Одење на јаже

Во 2015 година, Џозеф се соочи со досега најголемиот предизвик, а тоа е одењето на јаже. Поради тоа што филмот му го наложувал тоа поради сцените кои го барале тоа, тој останал оптимист и со големо срце го прифатил овој предизвик, иако дотогаш имал голем страв од височини.

Image result for joseph gordon levitt tightrope

Џенифер Лоренс – Цепење дрва и дерење кожа на верверички

Во моментов, Џенифер Лоренс се смета за најатрактивната глумица во Холивуд, а за тоа се заслужни улогите коишто таа ги доби во многуте филмови, вклучувајќи го последниот „Winter’s bone“ за којшто научи две нови вештини коишто воопшто не се атрактивни – цепење дрва и дерење кожа на верверички.

Image result for jennifer lawrence winters bone

Прегледи:
400
Објавено на:
05.12.2016