Стручњаците за врски велат дека вистинскиот џентлмен ги има овие 6 особини и дека дамата која го има покрај себе е вистинска среќничка.
1. Шири добра енергија
Драг е и посветен ви е и кога сте тажни и нерасположени. Љубезен е и кон луѓето и има разбирање за нивните грешки. Сака да простува и да шири добра енергија каде и да се појави.
2. Среќен е
Тој е оптимист и вистински исполнет со радост, има весел дух и ужива со луѓето и она што го имаат во животот.
3. Ве сака искрено и без задршка
Му се допаѓа како изгледате без шминка, сака да се дружи со вас и ужива што сте покрај него.
4. Умее да ве насмее
Секогаш се труди да бидете среќни. Способен е да ве изненади и да ви ја врати насмевката на лице дури и кога сте нервозни.
5. Уживате во секој момент со него
Со него никогаш не ви е досадно. Тој води сметка во секоја ситуација да се чувствувате убаво и пријатно, умее да разговара со вас на разни теми, а кога е потребно да ве прегрне и да покаже емоција.
6. Не штеди на вас
Тој е маж кој секогаш се грижи во склад со својата материјална состојба и можности да направи да се чувствувате покрај него како вистинска кралица и единствена жена на цел свет.