Категории

6 правила за економичен и паметен шопинг

Ви донесуваме неколку докажано добри совети кои можат да ви помогнат ако сте склони кон импулсивно и неретко непотребно купување облека.

Да размислиме рационално во врска со се: Дали ни е потребна сета таа облека која ја имаме во плакарот? Не е ли подобро да имаме помалку гардероба, но со парчиња кои константно ќе ги носиме и половината од нив нема да останат во заборав само по едно носење? Ако точно знаеме што имаме, вишокот непотребни работи нема да застаруваат во нашиот плакар. Кои се всушност можните начини за спречување да купуваме непотребна облека?

1. Не купувајте неколку исти или слични работи одеднаш
Во ова правило најчесто спаѓаат блузите, кошулите или маиците. Во поголемиот дел од ситуациите немате потреба да имате две идентични маици кога едната е доволна да се направат неколку комбинации. Наместо тоа, инвестирајте во некој друг модел каков немате во вашиот плакар.

2.Купувајте едно квалитетно и скапо парче наместо неколку ефтини кои брзо ќе се оштетат
Можеби распродажбите знаат да ве излажат толку добро и да помислите дека сте направиле добра зделка ако купите 3 маици за цена на една, и со тоа ќе имате да направите промена и секој ден да носите нешто различно. Но тие маици ќе ја изгубат својата убавина по само неколку перења додека една квалитетна маица ќе изгледа нова подолго, а нов „различен“ изглед ќе можете да постигнете со комбинирање на различни марами, накити, јакни.

3. Вратете го парчето кое ви се допаднало во продавницата но не и кога сте пристигнале дома
Секогаш чувајте ја сметката што и да купувате. Можеби во текот на шопингот сте немале доволно време да размислите добро па сте го купиле парчето импулсивно, па кога сте пристигнале дома и сте го пробале во различно светло, сте сфатиле дека не ви се допаѓа. Тоа се случува често на секого, и воошто не е срамота да го вратите назад се додека тоа е неоштетено. Многу подобро отколку да жалите за инвестираните пари на нешто кое едноставно нема да го облечете никогаш.

4. Не купувајте на кации каде добивате попуст само доколку купите неколку работи
Таквите акцее се правиот пат како да го наполните својот плакар со низа непотребни работи само доколку ви се допаднало едно парче па за него сте морале да купите уште неколку други. Доколку ви се допаднало некое парче на распродажба, пронајдете пријателка која за себе ќе пронајде нешто што и се допаѓа па направете „паметен“ шопинг заедно.

5. Купувајте го само оно во кое изгледа одлично, wow, а не она што „може да помине“
Најважното правило за паметен шопинг е да инвестирате во парче во кое кога ќе се погледнете навистина ќе се чувствувате убаво и самоуверено, затоа што ако купите некое парче кое изгледа како да „може да помине“ наскоро ќе посакате да го замените со некое ново, а со тоа само залудно ќе потрошите пари.

4. Не купувајте на акции каде добивате попуст само доколку купите неколку работи
Таквите акцее се правиот пат како да го наполните својот плакар со низа непотребни работи само доколку ви се допаднало едно парче па за него сте морале да купите уште неколку други. Доколку ви се допаднало некое парче на распродажба, пронајдете пријателка која за себе ќе пронајде нешто што и се допаѓа па направете „паметен“ шопинг заедно.

5. Купувајте го само оно во кое изгледа одлично, wow, а не она што „може да помине“
Најважното правило за паметен шопинг е да инвестирате во парче во кое кога ќе се погледнете навистина ќе се чувствувате убаво и самоуверено, затоа што ако купите некое парче кое изгледа како да „може да помине“ наскоро ќе посакате да го замените со некое ново, а со тоа само залудно ќе потрошите пари.

6. 70% од вашата гардероба треба да се состои од класични парчиња а другите 30% од тренди парчиња
Популарниот дизајнер Мајкл Корс сподели едно доста важно правило кое треба да го знае и применува секој, а тоа гласи дека поголемиот дел од вашата гардероба треба да се состои од парчиња во проверени бои како – црна,бела и неутрални кафеави и крем тонови, со класични кроеви кои никогаш нема да излезат од мода и ќе можете да ги комбинирате лесно во секаква прилика. Додека остантиот мал дел од гардеробата може да се состои од необични парчиња со привлечен изглед, принтови и дезени, според најновите трендови. Така кога ќе ги комбинирате овие два дела секогаш ќе изгледате модерно и тренди.

Прегледи:
218
Објавено на:
01.03.2017