Категории

6 работи за кои плаќаме прескапо, а не вредат

Како жители на рутински класно нефер систем, природно ни е да сакаме да живееме во луксуз. Ја сакаме најскапата храна, пијалоци, услуги и се’ тоа се плаќа со нашите тешко заработени пари. Некогаш е убаво да се почестиме себеси, но некогаш плаќаме прескапо за сосема небитни работи.

1. Производите на Apple

Things we overpay for

Apple Inc. била формирана во април 1976 година, и таа година го продале првиот Apple I компјутер. Од тогаш измислуваат секакви гаџетчиња. Најпознати производи им се Mac, iPod, iPhone и iPad. И сите овие производи им се прескапи. Оригиналниот  8GB iPhone се продал за 599$, а 16GB iPad за 499$. Континуирано ги надградуваат своите производи да имаат дополнителни технолошки напредности. Не се само големите производи прескапи, туку и малите гаџети. слушалките се 20$, УСБ каблите 19$ а полначите 29$.

2. Честитки

Things we overpay for

Уште од нивното оригинално излегување во Египет, честитките се слатки мали подарочиња. Знаат да се убави и слатки, но навистина прескапи за наши стандарди. Сепак се работи за превиткано парче хартија со испринтан дизајн. Освен ако не се работи за дизајнирана колекција од некој уметник, навистина нема никаква логика за принт шро кошта 5 денари, да се платат 100 денари.

3. Кафе

Things we overpay for

Кафето е еден од напитоците кој е меѓу најевтините за правење. Сепак, плаќаме премногу за да го пиеме во кафиќ или од штанд. Зошто, кога можеме да си направиме кафе дома, кое ќе биде турско и секако ќе не’ разбуди подобро?

4. Грицки во кино

Things we overpay for

Сите сакаме да одиме во кино. Но, зошто се толку скапи грицките!? Понекогаш грицките се фаќаат поскапо од самиот билет. А сите сакаме топли пуканки или начос, со ладен пијалок за уз филмот. Всушност, на светско ниво истражувањата покажуваат дека 40% од своите профити, кината ги прават од грицките. Но, никогаш не можеме да одолееме, и мислам дека првата асоцијација со кино, на секој од нас му е и пуканки. Тоа е дел од искуството.

5. Концерти

Things we overpay for

Даваме одредена сума на пари, што е голема, за да се гужваме со испотени, непознати луѓе, со пијани врескања околу нас, за да фатиме мал поглед од далеку на некој музичар или бенд кој го сакаме. Студио снимките се ионака подобри од било која свирка во живо. Тогаш, зошто упорно плаќаме толку скапо за да одиме на вакви настани? Да не зборуваме дека, како и за во кино, грицките и пијалоците на концерти и фестивали се по 3-4 пати поскапи отколку нормално.

6. Вода

Things we overpay for

Точно е дека водата кај нас не е скапа, најчесто е по 15-20 денари од шише, меѓутоа, достапната алтернатива е БЕСПЛАТНА. Буквално ја имаме водата во нашите домови, за која што плаќаме малечка сума на месечно ниво. Зошто упорно купуваме вода? Всушност, не ја плаќаме водата, туку ги плаќаме шишињата.

 

Прегледи:
557
Објавено на:
26.08.2020