Категории

6 реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашето дете за да порасне во здрава личност

Се вели дека делата се поважни од зборовите, но во некои ситуации зборовите се сепак посилни од делата, особено кога станува збор за нашите деца. Овие зборови морате секојдневно да му ги кажувате на вашето дете за тоа да порасне во добар човек со здрава психа која ќе го одвете на вистинскиот пат.

1. „Сакам кога…“
Не ставајте акцент на она што тие го прават „лошо“ или „погрешно“, туку пред сè фокусирајте се на позитивните аспекти на нивното однесување.

2. „Горд/а сум на тебе“.
Нема подобри пофалби за добар успех. Сепак, понекогаш даваме се од себе, но резултатот не е задоволителен. Во такви моменти, децата не треба да слушаат критики, туку мора да слушнат дека и покрај нив вие сте горди до крај, без оглед на се, затоа што знаете колку вложуваат напори во нештото.

3. „Вие сте посебни“.
Дајте им до знаење дека нивните разлики не се слабост, туку силна страна.

4. „Знам дека можеш да го направиш тоа“.
Охрабрувајте ги секој ден, а поради знаењето дека верувате во нив, вашите деца ќе бидат посигурни во себе.

5. „Ти верувам“.
Изградете врска полна со взаемна доверба затоа што тоа ќе ги мотивира да бидат искрени.

6. „Те сакам“.
Никогаш не престанувајте да им ја покажувате вашата љубов со зборови затоа што ова е една од ретките ситуации во кои зборовите навистина можат да бидат посилни и попотребни од делата.

Прегледи:
673
Објавено на:
17.02.2021