Категории

6 вистински причини зошто ги посакуваме луѓето кои не можеме да ги имаме

Има нешто фрустрирачки примамливо во луѓето кои не смееме или не можеме да ги имаме. Тие си играат со нашите фантазии, ги движат нашите конци и постојано нѐ тераат да мечтаеме за нив. Но, колку подолго страдаме за некој кој не можеме да го имаме, толку повеќе се сомневаме во нашите намери и се обидуваме да разбереме зошто секогаш ги посакуваме луѓето кои не се достапни за нас. Погледнете ги следниве причини кои ни даваат објаснувања зошто тоа постојано ни се случува.

1. Реалноста никогаш не ги исполнува нашите очекувања

Ги сакаме луѓето кои не можеме да ги имаме затоа што без разлика колку е некој неверојатен во реалноста, никогаш нема да е совршен како во нашата имагинација. Ние не размислуваме за нивните мани. Не ги замислуваме нивните недостатоци. И кога не можеме да сме со луѓето кои ги посакуваме, на крај живееме со нивната идеализирана верзија, онаа за која уживаме да фантазираме, повеќе отколку што би уживале ако имаме шанса да бидеме со вистинската личност.

2. Имате подготвени изговори зошто нештата не би функционирале

Кога материјалните околности ве спречуваат да бидете со некого, веќе имате подготвена причина зошто нештата не би функционирале. Не треба да се грижите за пропаѓање на врската бидејќи вие сте премногу плашливи или премногу наметливи или тие не се согласуваат со вашето семејство или не можете да ги надминете разликите во вашите карактери.

3. Немате притисок од обврски

Без разлика колку двајца луѓе си одговараат, врската едноставно нема да функционира доколку двајцата не се еднакво посветени еден на друг. А кога се работи за луѓето кои не можете да ги имате, не постојат никакви обврски, бидејќи има конкретни причини зошто не може да бидете заедно. И овие личности никогаш не ви нудат помалку од она што вие го правите за нив. Секогаш постои баланс во посветеноста и вниманието.

4. Секоја можност да бидете со нив е премија

Важно за луѓето кои никогаш нема да бидат целосно наши е тоа што никогаш нема да имаме шанса да бидеме со нив онака како што посакуваме. Секоја можност што ја имаме да бидеме заедно или околу нив нѐ возбудува. Нашето срце чука силно при секоја шанса за средба. Затоа, нема кога и како да ни станат досадни или да почнат да нѐ нервираат нивните фрустрирачки навики. Немаме шанса да очекуваме повеќе од тоа што тие ни го даваат. Секој момент поминат со луѓето кои не можеме да ги имаме е бонус и затоа секогаш сме среќни што ги гледаме.

5. Копнежот по нив никогаш не е задоволен

Кога сакате некого кој не можете да го имате, секогаш има нешто ново кое посакувате да го знаете за нив. Дури и ако сте имале шанса да бидете со нив кратко време, дури и ако интимно ги познавате, дури и ако шансите да бидете со нив се 50%, вие секогаш ќе ги сакате сите 100%. Фантазиите за овие личности вечно остануваат неисполнети. Продолжувате да се прашувате како би било ако знаете за нив апсолутно сѐ и чувството на неисполнетост постојано ја храни вашата фантазија.

6. Она што не може да го имате е предизвик, а вие сакате предизвици

На крај, има едно нешто кое ги поврзува сите луѓе кои посакуваат нешто кое не можат да го имаат, а тоа е дека тие сакаат предизвици. Колку некој е понедостижен, толку е поголем тест за нашите способности. Сакаме да докажеме дека сè е возможно и дека за нас не постојат граници, а правилата се тука за да бидат прекршени.

Прегледи:
419
Објавено на:
28.02.2016