Категории

6 знаци дека премногу често ја миете косата

Голем број жени посакуваат сјајна, здрава и негувана коса но многу од нив грешат мислејќи дека за тоа треба да ја мијат доста често. Ако вашата коса не изгледа онака како што посакувате тогаш сигурен знак е дека премногу често ја миете а за тоа сведочат овие работи:
Четката не поминува лесно
Претераното миење на косата предизвикува отворање на кутикулите на влакната што прави чешелот да заглавува и да се заплеткува во вашата коса. За почеток намалете го миењето на косата на еднаш во неделата и видете што ќе се случи.
Бојата брзо ви избледува
Претераното шампонирање и доведува до побрзо опаѓање на бојата и нејзино избледување. Користете шампони кои не содржат сулфати, а за бојата да трае подолго на крајот секогаш плакнете ја косата со ладна вода. Тоа ќе направи да се затворат кутикулите и бојата да остане во нив.
Вашата коса пука
Агресивните состојки во шампоните го оштетуваат влакното а добро знаете дека и косата е најранлива кога е влажна.
Имате првут на темето
Првутот е знак дека вашата кожа на главата се исушила и и е потребна влага. Исто тала за овој проблем влијаат и агресивните шампони. Користете такви наменети за осетлив скалп и намалете го миењето на косата на 1-2 пати неделно.
Вашата коса често се масти
Иако се чини невозможно, претераното миење на косата може да доведе до дополнително мастење. Честото шампонирање ги уништува природните масла што прави вашата коса да лачи уште повеќе
Прегледи:
360
Објавено на:
26.05.2017