Категории

6 знаци дека сте во здрава љубовна врска

1. Разговарате за сѐ
Во здрави врски, не постои страв од осудување ако се начне некоја тема. Важно е да можете да искомуницирате сѐ што е потребно или што ви е од интерес, со партнерот.

2. Си имате сопствен простор
Прекрасно е да имате заеднички друшта и хобија со партнерот, но потребно е да имате и сопствен простор, со сопствени активности и со сопствени пријатели.

3. Кога се расправате, тоа го правите на цивилен начин
Секои двајца луѓе се два засебни светови. Затоа, не е необично ако се расправате бидејќи за нешто имате различно мислење или став. Меѓутоа, здрав начин на расправање е културно дебатирање – изнесување на причини зошто сметате дека партнерот не е во право и изнесување на аргументи за вашите ставови, без да го вреѓате партнерот или да повишувате тон.

4. Ви се допаѓа врската онаква каква што е во моментот
Битно е да се живее во реалноста. Шансите се дека врската ќе остане таква каква што е и нема да се промени на многу подобро. Ако останувате со некого само бидејќи се надевате дека во иднина таа личност ќе промени некои круцијални карактеристики, веројатно се залажувате себеси и си губите време. Секако, човек може да промени некои мали навики или да компромира некои ситници за заеднилко добро, впрочем, тоа е здраво, но не можете да очекувате партнерот да се смени во неговата срж и со тоа да ви се смени целата врска.

5. Носите заеднички одлуки
За работите кои се однесуваат на вас двајцата како пар, одлуките ги носите заедно. Ако едниот е цело време главен за носење одлуки, другиот ќе се чувствува како да нема глас и со тек на време тоа ќе се претвори во огромен, дури и фатален проблем. Едностраната доминантност во носењето битни одлуки е карактеристика на нездрава врска.

6. Наоѓате радост
Времето поминато со партнерот треба да е време во кое што уживате. Заедно да се смеете, да правите работи кои ве радуваат, едноставно да можете да најдете среќа и во наједноставни работи, како седење дома и готвење. Од друга страна, ако помислата на тоа дека треба да се видите со партнерот ви создава анксиозност и ако вие почесто се расправате отколку што уживате во поминатото време, можеби е време да прекинете.

 

Прегледи:
655
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
29.06.2020