Категории

„Тивки раскрсници“

72a1d61cf„Понекогаш доаѓа само крај.
Тивко, на прсти..
Без збогум и плачливи фанфари.
Без врати кои вриштат „Оди си“,
без чаши соголени до дното.
Затоа што не останало покајување,
не остало ни опростување.
Зошто би бил последниот поглед
префрлен преку рамо,
кога олујата однела се,
истурила еден грст пепел
врз пламенот кој некогаш пакостел.
Понекогаш таа љубов е повеќе повредена
отколку болката која ја оставила откако заминала.
Понекогаш таа е онаа која ги раздалечува луѓето,
но понекогаш таа е онаа која се раздалечува од нив.“

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog

Прегледи:
702
Објавено на:
30.01.2016