Французинките се познати по својот исклучителен стил, совршен спој на елеганција и лежерност кој се обидуваат да го имитираат сите трендсетерки во светот. Во вечниот стремеж да се постигне спонтан но многу шик изглед, овој пат ние ви ги откриваме модните грешки кои французинките никогаш не ги прават.
1. Французинките никогаш не носат премногу високи потептици
2. Французинките се задоволни со големината на своите гради и не носат градници кои ја надминуваат нивната природна големина.
3. Французинките не носат облека и додатоци со невкусни и натрупани логоа и дезени.
4. Французинките не носат повеќе од едно впечатливо парче накит во исто време.
5. Французинките не сакаат да изгледаат премногу нападно и забележливо. Тие преферираат природен изглед и светли и нежни кармини.
6. Кога се работи за облеката, французинките не сакаат да претеруваат, за нив секогаш важи правилото „помалку е повеќе”
7. Французинките никогаш не носат транспарентни сјајни хулахопки, не само тоа за нив тие се најлошото нешто што се случило во светот на модата.