Категории

7 модни грешки кои ќе го уништат вашиот изглед

Стилот е одраз на личноста и карактерот па затоа секоја иднивидуа не може да се пронајде во секој тренд кој го наметнува модниот универзум, а најчесто трендовите се оние и кои умеат да го ограничат. Но дури и кога се работи за слободата на личниост стил, постојат одредени правила кои едноставно не можат да се избегнат и не треба да бидат игнорирани со цел да не го нарушат имиџот на секоја модна дама..

1. Тренерки – самиот назив на ова парче облека го покажува неговото вистинско место каде треба да се носи – на тренинг, а не за шетање низ град.

2.Долна облека која е премногу воочлива – повторно самиот назив тврди за тоа дека долната облека е интимно парче кое не треба да биде видливо. Доколку носите отворен фустан, одбирајте градници кои се лепат за вашето тело и се во боја на кожата.

3.Шминка и маникир – силната шминка и впечатливиот маникир се прикладни само за некоја свеченост или вечерни излегувања а не за кога ги извршувате своите секојдневни обврски.

4.Оштетени потпетици – едно од основните правила кое секоја дама мора да го знае е дека нејзините потпетици треба да бидат исправни. Кривите и оштетени потпетици умеат да го уништат целокупниот изглед.

5.Премногу принтови – Вистински моден ужас е носењето на повеќе принтови одеднаш. Секогаш одбирајте еден принт а тоа нека биде на некој мал моден додаток.

6.Премногу бои – Особено морате да внимавате во тоа да не носите повеќе од 3 бои на себе, во спротивно тоа е рецептот за модна катастрофа.

7.Накит – Накитот треба да биде елегантен и умерен. Не смеете да носите обетки,огрлица, белегзија,и прстени заедно..

Прегледи:
320
Објавено на:
02.05.2017