Категории

7 причини зошто љубовта со текот на времето ги напушта врските

Љубовта е чудна појава и не може правилно да ја дефинираме, бидејќи не постојат две исти видови на љубов. За некои луѓе не постои поголема сила и поголема мистерија од љубовта. Велат дека љубовта никогаш не умира, но сепак постојат причини поради која љубовта може да умре во врските.

Што точно предизвикува љубовта да исчезне од една совршена врска?

Ова се 7 причини зошто љубовта, и покрај ветувањата за вечното сакање, понекогаш може да исчезне.

Нереални очекувања

Кога некој е вљубен тој има тенденција да очекува многу работи од таа врска. Иако не постои никакво зло тоа сепак постои тенка линија помеѓу идеализмот и нереалноста. Убавината на вистинската љубов е изборот да се сака некој и покрај сите негови слабости. Нереалните очекувања можат да ја убијат врската, бидејќи очекувањата можат да доведат до разочарување.

Љубовта умира ако не е изградена врз солидна основа

Кога љубовта е изградена на слаба основа, на сомнение и недоверба, дури ни големата сексуална хемија не е доволно цврста да ја спаси оваа врска.

Доколку никогаш и не постоела

Повеќето луѓе се вљубуваат на почетокот на нивната врска, но исто така, поради идеализација тие не ја гледаат вистинската слика. Откако ќе им помине фазата за занес, сфаќаат дека всушност никогаш не ни биле вљубени во таа личност. Станува збор за минливи чувства на возбуда.

Неверство

Довербата е битна работа во врската, доколку некој ја изневери таа доверба ќе изчезне и љубовта.

Страв

Во ред е да се плашите од губење на партнерот, но проблемот се појавува ако се плашите од ирационални работи. Понекогаш ако го гушите вашиот партнер поради недостаток на самодоверба, тоа може да ја убие љубовта.

Некомпатибилност

Иако е точно дека спротивностите можат да привлечат, компатибилноста е решавачкиот фактор за долговечноста на врската.

Романсата

Романтичната љубов мора да умре со цел да созрее и да напредува. Романсата понекогаш може да изгледа како вистинска љубов, но не е. Љубовта не е само романтични гестови и цвеќе. Паровите мора да научат дека љубовта е напорна работа, надминување на проблемите заедно и развивање како пар.

Прегледи:
528
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
05.02.2016