Категории

8 комбинации од тв-серијата „Пријатели“ кои можете да ги носите уште денес

Можеби изминаа 20 години откако оваа серија ги сруши рекордите на најгледана тв-серија во светот а и ден денес и популарноста и гледаноста се сеуште на ниво, истото можеме да го кажеме и за модата на Рејчел, Моника и Фиби, чии комбинации и парчиња се сега голем тренд и можете да ги купите уште веднаш.

jennifer-aniston
– Тексас комбилизон 

Сеуште е кул како и кога го носеше Рејчел, и да денес е повторно голем тренд, а и е многу удобен.

courteney-cox-1
– Проѕирна кошула

Овој тренд е веќе во центарот неколку сезони, комбинирањето е едноставно, доволно е само да одберете градник во потемна боја.

courteney-cox-2
– Кроп топ и здолниште во А линија

Комбинацијата која моментално е најжешкиот тренд, Моника ја носеше пред 20 години..
Здолниште од велур на закопчување е тотален must-have оваа пролет.

friends-shirts
– Маици со принт

Рејчел без сомнение ги носеше нај откачените маици, а тоа денес е тотално ин, и ги има насекаде, во секакви можни принтови.

jennifer-aniston-1

– Долга наметка

Денес се се врти околу наматките долги со „земја“. Можете да ги комбинирате со што ќе посакате, елеганцијата и лежерността имаат заедничко име.

jennifer-aniston-2

– Широки панталони

Нивната ера се чини дека никогаш нема да заврши, и да сеуште изгледаат толку модерно и софистицирано како кога ги носеше Рејчел.

lisa-kudrow

– Вештачко крзно

Фиби беше секогаш онаа која ја познававме по екцентричните и откачени комбинации, а вештачкото крзно дефинитивно беше нејзин печат. Било дали е крзена марама или некој додаток на вашата облека, секогаш изгледа гламурозно но да напоменеме се додека е вештачко.

lisa-kudrow-1

– Бохо фустан

Пронајдете го својот дезен и боја, широкиот разигран фустан како оној во стилот на Фиби никогаш не може да биде грешка.

Прегледи:
342
Објавено на:
01.04.2016