Категории

8 одлични активности за кои не ви се потребни пари и телефон

Интересните активности не подразбираат секогаш пари и телефон! Еве што можете да правите без овие за нас неопходни нешта!

По напорната недела која често од нас бара повеќечасовно проводување време пред екранот, потребно е да се направи детоксикација од електроника и да се посветите на одморот и нештата кои ве прават среќни и со чија помош полниме батерии за нови работни победи. Следните активности не бараат ниту пари, ниту пак користење мобилен телефон.

Пишување

Без разлика дали станува збор за дневник, песни или можеби роман, пишувањето е одличен издувен вентил низ кој можете своите мисли да ги пренесете на хартија.

Кафе со драга личност

Сетете се на пријателка, братучетка или сосед кого долго не сте го виделе и поканете ги на кафе. Ќе се изненадите колку многу ќе имате да се кажете еден на друг.

Волонтирајте

Освен што правите добро дело, се градите себе како добра личност. Изберете и установа во која сакате да придонесете за да им помогнете на оние на кои тоа им е најпотребно.

Играње и шетање со миленичето

Ако немате свое куче, прашајте го соседот дали може да го прошетате неговото. Докажано е дека животните имаат терапевтско влијание врз човекот и делуваат антидепресивно.

Посета на книжарница/библиотека

Нема поубаво чувство од мирисот на книгите и интересните наслови Ова е одличен начин да се ослободите од насобраниот стрес.

Чистење на гардероберот

Ослободете се од се што не сте носеле со години или што едноставно не ви одговара. Потоа ќе се чувствувате одлично.

Време со најблиските

Пружете им внимание на членовите на семејството кои речиси и не ги гледате во текот на неделата. Изразете интерес за нивните животи и предложете некоја заедничка активност.

Грижа за билките

Засадете некој цвет, овошје или зеленчук, грижете се за него редовно и сигурно ќе се почувствувате горди кога ќе ги видите плодовите на вашиот труд.