Категории

8 трендови за храна кои ќе бидат популарни во 2018 година

Секоја година е нов почеток и се карактеризира со нови трендови во различни области. 

Сите гурмани ги интересира каква необична храна можеме да очекуваме во 2018 година? Ова се 8-те интересни видови храна кои ќе бидат популарни наредната година.

Торби со вино за еден

Наместо да купите цело шише само за вас, во 2018 ќе купите торбичка со вино за еден. Овие торбички од доза за еден човек се одлични за оние коишто сакаат да водат здрав живот.

Вкусни вегетаријански бургери

Како што расте бројот на вегетаријанци и вегани, така расте и изборот на квалитетна веганска храна. Некои произведувачи за да направат овие бургери, додаваат и сок од цвекло за да биде плескавицата „крвава“.

Здрав леб во боја

Компаниите се трудат да го направат лебот попривлечен за консументите. Така, Маркс и Спенсер ќе почнат да произведуваат високо протеински, ниско јаглехидратен леб во неколку бои, вклучувајќи леб со боја на цвекло, краставица и црвена пиперка.

Кафе од печурки

Кафето од печурки содржи арабика кафе и се вели дека може да ви ја покачи енергијата без да ве направи нервозни. Се верува дека ова ќе биде хит во 2018.

Четири оброци дневно

Во 2018, многумина ќе имат четири оброци на ден. Долгите работни денови создаваат потреба од четврт оброк како што е доцната вечера или ужината помеѓу појадокот и ручекот.

Цветни вкусови

Во 2018 ќе преовладуваат цветните вкусови. Цветови кои може да се јадат и цветните зачини, како што е лавандата, цветот од портокал и бозелот ќе ги зачинуваат слатките и интензивните јадења.

Слатко-кисело супер-овошје

Конзервираниот дуриан е овошје кое потекнува од Јужна Америка и има многу необичен вкус. Кога е свежо има сладок и свеж вкус, а кога ќе се зготви има вкус на динстувано свинско месо.

Чорба од тиква

Нема ништо толку добро како чинија топла чорба во ладно зимско утро. Во 2о18 година, интензивните вкусови се ин, како што се тиквата и доматот.