Категории

9 мудри совети како љубовта да не ве заслепи

Понекогаш најдобриот избор не значи и дека е вистинскиот. Има вистина во она дека љубовта е слепа. Треба само ширум да ги отвориме очите за да видиме подобро. Овие совети се првиот чекор кон прогледувањето: 

b483ce8902

1. Почит

Заслужувате партнерот најнапред да ве почитува како човек.

2. Значење

Вашите потреби се исто така важни како и неговите. Вие сте важни колку и он. Вашата работа, вашите ставови и вашите соништа.

3. Однесување

Облеката не го прави човекот. Однесувањето е она што е важно. Ако не се однесува со вас како што доликува на еден џентелмен- нека заборави на вас!

4. Во љубовта нема простор за глума

Не можете да глумите поврзаност. Ако нема хемија на почетокот од романсата, сигурно ќе ја нема ни во иднина. Времето е драгоцено.

5. Давам –земам

Ако премногу давате, а не добивате ништо(дури и да не очекувате) тогаш не сте на иста фрекфенција. Љубовта е взаемна работа.

6. Анализи и пресметки

Ако премногу размислувате, анализирате и правите стратегии тогаш нешто не чини. Најдобро е да е спонтано, ако биде супер, ако не здравје!

7. Комплименти

Давањето комплименти е сосема нормална и потребна работа. Доколку не ги добивате тогаш е проблем. Секој може да каже нешто убаво.

8. И “не” е одговор

Понекогаш добро е да се каже –не. Вашиот партнер треба да има разбирање посебно на почетокот. Ако не прифаќа “не” за одговор тогаш не кажувајте ни “да”!

9. Поважно “не”

Ако не сте сигурни дали му се допаѓате, ако се однесува променливо и не сте сигурна дека тоа е тоа, одговорот сигурно е “не”.

Прегледи:
413
Објавено на:
15.07.2016