Категории

9 начини, на кои Motorola се промени за 90 години – пред и потоа

На 25 септември 1928 година, во нашиот дом во Чикаго, со само еден производ и пет вработени, браќата Пол и Џозеф Галвин, ја создадоа компанијата – претходник на Motorola – Galvin Manufacturing Corporation.

Да се потсетиме, зошто оваа година славиме #90yearsmotorola и никој не може да оспори дека ние ја трансформиравме технолошката индустрија. Придружете ни се на ова патување 90 години назад во времето, обележано со иновации и технолошки откритија, за заедно да проследиме, како сме се промениле од тогаш до денес.

1. Кажавме “збогум” на Галвин и “здраво” на Motorola

Во 1930 год. Galvin Manufacturing го претстави Motorola радиото за во автомобил. Марката стана толку популарна што во 1947 год. Galvin Manufacturing Corporation го промени своето име во Motorola Incorporated. 8 години подоцна, во 1955 год. се појави и симоличното лого на Motorola.

2. Нашиот прв производ е фокусиран на траењето на батеријата, а најновиот – на брзината

Нашиот прв производ беше создаден во 1928 год. со фокус на траењето на батеријата – предизвик кој постои и денес. Уредот, чие целосно име е Galvin Manufacturing battery eliminator, овозможувал радиостаници придвижувани од батерии, да користат и електрична енергија за домаќинства. Во нашата ДНК е, да ги слушаме потребите и желбите на корисниците и да го направиме дури и невозможното за да ги задоволиме. Денес, исто толку успешно, одговараме на барањата на корисниците за голема брзина со нашиот најнов производ, 5G moto modTM. Тој обезбедува 10 пати поголема брзина од тековната безжична технологија и го подобрува поврзувањето. 1

Дали знаете, дека со 5G мрежа можете да ја симнете последната сезона од вашата омилена серија во HD формат за неколку минути?

3. Имаме нешто да кажеме и за радиобрановите

Galvin Manufacturing во 1943 год. ја создаде првата пренослива радио-станица во светот. Оттогаш, многупати бевме први во светот – со првиот сериски транзистор со голема моќност, првиот сериски мобилен телефон, првиот двонасочен пејџер. И тоа се само мал дел од пронајдоците со кои влеговме во историјата на технологијата. Нашата најнова разработка е првиот 5G компатибилен телефон – moto z3 со 5G moto modTM, кој се поврзува со 5G мрежата на Verizon. 1

Дали знаете, дека со 907 грама тежина и 25,4 cm висина, првиот мобилен телефон Motorola DynaTAC 8000x бил со големина на тула и тежел колку средно голем ананас.

4. Го поминавме патот од џебните пејџери до тенките телефони со капаче

Во 1982 год. се појавува Motorola Sensar пејџерот со уникатен дизајн како пенкало, кој драстично се разликува од сите останати слични производи на пазарот. Тежи само 57 грама и удобно се вклопува во секој џеб. Во 2004 год. иновативниот Motorola RAZR V3 ги менува правилата на игра при дизајн на мобилните телефони. Тој е телефонот со најтенок профил во тоа време и целосна алуминиумска обвивка, што освен што е практичен додаток, го претвора и во посакуван моден аксесоар. Моделот RAZR V3 има над 130 милиони регистрирани продадени единици и во моментот е најпродаваниот телефон со капаче во светот.

5. Следиме континуирана трансформација

Зошто да носите мобилен телефон и пејџер? Во 1955 год. Motorola RSVP пејџерот се прикачуваше кон задната страна на секој MicroTAC модел, овозможувајќи им на корисниците практичен комбиниран уред. Денес, продолжуваме да ги прескокнуваме границите на традиционалните телефони со moto z серијата и moto modsTM модулите. Официјално претставен во 2016год., moto z е многу повеќе од обичен смартфон – прикачете moto modTM и го трансформирате во филмски проектор, фото принтер, стерео звучник и многу повеќе.

6. Од Еверест до Месечината – бевме насекаде

Во последните 90 години бевме на секоја точка од земјата и пошироко! Во 1969 год. радио опремата на Motorola на бордот на лунарниот модул Apollo 11 ги пренесе првите зборови, изговорени при слетувањето на Месечината. Во 2007 год., 30 години подоцна, алпинистот Род Бејдер оствари телефонски разговор и испрати кратка текстуална порака од Еверест со Motorola MOTORIZR Z8.

7. Продолжуваме да поставуваме рекорди и во новиот милениум

Во 1986 год. му го дадовме на светот најпродаваниот пејџер – Bravo. Тој можеше да зачува 5 пораки од по 24 знаци. Во тоа време, тоа беше повеќе од сериозно достигнување. Но, ние продолживме и во новиот милениум. Motorola V60 ги поддржуваше сите три достапни мобилни технологии – GSM, TDMA и CDMA – и брзо се претвори во лидер на пазарот со функции како што се интернет пристап, испраќање на текстуални пораки и гласовно бирање.

8. Почнавме од Чикаго, но не останавме само таму

Motorola отсекогаш го нарекуваше Чикаго свој дом, но нашата трансформација во глобален бренд беше прашање на време. Во 1952 год. беше отворена првата меѓународна подружница на Motorola во Торонто, Канада. Таму се произведуваа радиостаници и телевизори. Оттогаш Motorola продолжи да се шири, градејќи силно присуство во различни земји низ Европа, Латинска Америка, Азиско-пацифичкиот регион и Кина.

Дали знаете, дека првата продажба на производ со марката Motorola надвор од САД е регистрирана во јуни 1930 год. во Мексико сити? Станува збор за две радиа за во автомобил.

9. Најдоброто допрва доаѓа

MOTOROLA и стилизираното лого M се регистрирани трговски марки на Motorola Trademark Holdings, LLC.

1 5G поврзувањето е достапно со 5G moto mod (се продава одделно, се очекува на пазарот на почетокот на 2019 год.) и 5G мрежна покриеност (се очекува во одредени региони во 2019 год. и понатамошно проширување на опсегот). Повеќе информации на: www.verizon.com/about/our-company/5g

За Motorola

Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto и Motorola.

За Lenovo

Lenovo е глобална компанија, вредна 45 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500 со визија да стане лидер во сферата на интелигентната трансформација со посредство на паметни уреди и инфраструктура кои го обезбедуваат најдоброто корисничко искуство. Портфолиото на Lenovo е едно од најшироките во светот со поврзани производи, вклучувајќи смартфони (Motorola), таблети, компјутери (ThinkPad, Yoga, Lenovo Legion), работни станици, како и AR/VR уреди и паметни решенија за дома. Решенијата за центри за податоци од новата генерација на Lenovo (ThinkSystem, ThinkAgile) создаваат капацитет и компјутерска моќ на врските кои го менуваат бизнисот и општеството. Lenovo работи за да ја инспирира разликата во сите и да изгради попаметна иднина каде што секој успева. Следете нè на Facebook или посетете нè на www.lenovo.com/mk/mk/

Прегледи:
473
Објавено на:
02.10.2018