Категории

9 секс пози за интензивен оргазам

Кога сте во долга врска, потребни ви се новини за да ја раздвижите акцијата во вашата спална. Од мрзеливи до истражувачки пози, од љубовни до интензивни, одберете го вашиот фаворит.

ЛИЗГАЛКА

Тој нека легне на грб, а вие јавнете го со грбот накај него. Навалете се напред, држејќи се за зглобовите за поддршка. Лизгајте се напред назад.

Тој ќе има неверојатен поглед на вашиот задник, а вие контрола врз темпото. Плус одлична е за денови кога не сакате да ви се гледа стомакот.

ЉУБОВНА

Ако сте во цутот на љубовта и сакате бакнување по вратот, гледање во очи и голема интимност, ова е совршената поза за вас. Тој нека седне на подот, а вие во неговиот скут со нозете обвиени околу него.

ЛУЛАШКА

Партнерот нека седне, вие врз него и нека ве држи со рацете. Навалете се наназад потпрени на вашите дланки и ставете ги нозете преку неговите раце.

Ќе има одличен поглед, а вие стимулација на Г-точката.

ИСТРАЖУВАЧКА

Легнете на грб, а тој на колена пред вас. Кренете го задникот од подот и свиткајте го едното колено со стапалото на неговите гради. Другата нога обвијте ја околу неговиот бут.

Тој ќе пенетрира длабоко во вас и ќе истражува со рацете, а вие ќе имате гарантирани бранови на задоволство.

ИНТЕНЗИВНА

Покрај интензивен оргазам со оваа поза ќе направите и добра вежба на мускулите. Ќе се забавувате согорувајќи маснотии од бутините и стомакот.

Тој нека легне на грб со нозете кренати и раздвоени, а вие преземете ја контролата во седечка позиција врз него, држејќи ја тежината на стапалата и користејќи ги рацете за потпора.

МРЗЕЛИВА

Страничната поза е совршена за мрзеливи утра. Вашиот партнер нека ве фати одзади, додека вие сте легнати на страна со споени нозе.

Додека влегува со вас со рацете нека истражува долу дали ви ја дава потребната стимулација. Ова е одличен лек за мамурлак и начин за будење.

СПИЕЧКА

Легнете на стомак со споени нозе, а тој нека влегува во вас одзади потпрен на рацете. Аголот е одличен и вам нема да ви биде здодевно иако само лежите, ќе бидете преплавени од задоволство.

ЕРОТСКА КУЛА

Кога сакате брз и силен секс тој нека застане потпрен на ѕидот, а вие застаната на прсти обвијте му ја едната нога околу половината.

Тој може да пенетрира длабоко. Ова е одлична поза за во лифт и темни улички.

НЕЖНА КУЧЕШКА

Кучешката поза прави чуда за Г-точката, а ова е една понежна и поинтимна верзија.

Тој нека биде рамно на колената, додека вие клечите пред него. Ставете ги нозете од неговите страни, навалете се напред со рацете на подот.

Прегледи:
2016
Објавено на:
05.09.2016