Категории

Најпопуларните модни моменти за 2016 година

Ова се најпопуларните стилски моменти на ѕвездите од светската сцена кои ја одбележаа изминатава година.

Смокингот на Шарлиз Терон
На филмскиот фестивал во Cannes каде што секогаш владее оштра конкуренција не само помеѓу филмовите туку и филмските ѕвезди кои месеци однапред го одбираат својот стајлинг, оваа пролет најмногу погледи привлече актерката Шарлиз Терон облечена во совршен смокинг од модната куќа Dior во комбинација со откопчана бела кошула. Нејзиниот стајлинг беше без конкуренција.


“Сирена” тоалетата на Мишел Обама
За последната службена вечера во Белата куќа, сопругата на американскиот претседател во заминување – Мишел Обама својата последна вечер како Прва дама ја испрати облечена во светкава тоалета налик на сирена. За прекрасната тоалета која го носи потписот на модната куќа Versace сеуште се зборува..


Тоалетата на Мадона која откри премногу
Музичката дива Мадона отсекогаш била екцентрична и единствена во своите модни избори па така да таа за Мет галата во Њујорк избра тоалета на модната куќа Givenchy која повеќе откри отколку што сокри. Сите погледи беа вперени во неа а таа на тоа изјави дека отсекогаш била бунтовничка и нема намера да се извинува за својата провокативност.


Последното појавување на Ким Кардашијан пред таа да се повлечи од јавноста
Само пред неколку часа од фамозниот грабеж на старлетата Ким Кардашијан таа се појави на Париската модна недела облече на во капут кој го сокриваше нејзиното голо тело а на себеси не носеше никаков накит за кој подоцна се тврдеше дека и бил украден.

Кејт Мидлтон во духот на Таџ Махал
Војвотката од Кембриџ искажа почитување спрема индиската култура за време на посетата на Таџ Махал каде таа облече креација на индиско-анериканскиот дизајнер Naeem Khan.

Тоалетата на Жизел Бундхен за отворањето на Олимписките игри
Ова лето во Бразил за отворањето на Олимписките игри, најславната бразилска амбасадорка Жизел Бундхен облече раскошна тоалета со потписот на дизајнерот Alexandre Herchcovitch која ја истакна нејзината женственост и силуета. Со сигурност тоа ќе биде еден од најзапамтените моменти во историјата на модата.

 

Прегледи:
348
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.12.2016