Категории

99schools: Неопходна алатка за правилно насочување при изборот на образование и професија

Изборот на професија не е лесна задача. Младите луѓе се почесто се незадоволни од можностите што им ги нуди кариерата, како резултат на недоволно посветување на кариерно информирање и истражување на образовните центри.

Од суштинско значење за студентите e да имаат непристрасни и веродостојни информации што можат да ги користат кога одлучуваат за правилно насочување при изборот на кариера. Правилната информација е драгоцена во време кога формалните и неформалните образовни центри се во експанзија.

99schools е формиран со цел да им помогне на студентите да ги достигнат своите кариерни цели со тоа што ќе ги насочи кон високо рангирани едукативни центри кои имаат голем процент на вработени и задоволни студенти.

„Нема подобар начин за донесување на правилна одлука кога имате повеќе образовни институции кои нудат програма за истата област од оценките на студентите кои таму го стекнале своето образование” – изјави Горан Станков, основач на 99schools.

Бидејќи “најдобриот едукативен центар” може за секој поединец да биде различен, 99schools има за цел да им помогне на студентите да го пронајдат најдобриот образовен центар, и да го стеснат полето за пребарување.

99schools ги рангира едукативните центри согласно препораките кои се добиени од илјадници активни студенти и алумни, фокусирајќи се на информации кои се вообичаено тешко достапни за студентите, а се неопходни за донесување на подобра одлука за кариерата и образованието. Искуствата на активните студенти и алумни се важни фактори кои влијаат на одлуката при изборот на вистинската образовна институција. Секој студент или алумни ќе може да допринесе со споделување на своето искуство.

Друг начин на кој 99schools ќе им помогне на идните студенти е со тоа што ќе земе во предвид колку од дипломираните студенти успеваат да најдат работа во нивното поле на едукација, бидејќи на крајот на денот тоа е крајната цел на секој студент.

„Покрај матурантите кои се одлучуваат во која насока да го продолжат своето образование, сакавме да им помогне и на оние кои се стремат кон лична надоградба или промена на својата професија во зависност од потребите на работодавците и дефицитот на одредени професии, а со тоа секако оди и подобра заработка од истите. За тоа колку беше потребна ваква алатка, потврдуваат сите пораки на поддршка и желби за успех, кои ги добиваме во континуитет.”- изјави Горан Станков.

Рангирањето на 99schools е исклучително сеопфатно и нуди поглед на формално и неформалното образование, овозможувајќи им на студентите да ги прегледаат најдобро рангираните едукативни центри или да ја најдат соодветната програма за достигнување на своите кариерни цели.

На овој начин, се зголемуваат можностите младите да ја креираат својата иднина преку градење и планирање на кариерата, наместо да им зависи од околностите, изборите на врсниците и опкржувањата.

Прегледи:
454
Објавено на:
06.12.2021