Новиот креативен дизајнер на модната куќа Dior – Марија Грасија Чури е позната по нејзиното феминистичко излагање. Првата колекција која таа ја креира во Март откако го зеде водството на модната куќа испрати силна фрминистичка порака преточена во смели фустани кои ја истакнуваат моќта на жената а со тоа најави дека отсега Dior ќе биде уште еден бренд кој ќе се приклучи на силното феминистичко движење. За оваа пролет таа ја претстави својата најнова колекција која исто така вклучува смели креации. Кампањата ја сними францускиот фотограф Brigitte Lacombe а пред кадарот застанаа моделите May и Ruth Bell.
Погледнете..