Изгледа дека Џенифер Лопез и раперот Дрејк се нешто повеќе од професионални соработници!
Имено, 47-годишната латино-дива на Инстаграм објави селфи со Дрејк кое доби повеќе од 700.000 лајкови и предизвика бројни шпекулации за нивниот однос. Масло на огнот долеа и текстот под фотографијата, каде што Џеј Ло напиша за Дрејк “Го сакам”!
Според повеќе извори, Џенифер и Дрејк поминуваат се’ повеќе време заедно, а извор од магазинот TMZ вели дека “иако помеѓу нив сеуште ништо не се случило, прашање на време е кога овој однос ќе добие романтична димензија.”
Инаку, Џеј Ло неодамна ја раскина 5-годишната врска со танчерот Каспер Смарт, а само два месеци подоцна Дрејк ја прекина бурната повеќегодишна врска со Ријана.
Со оглед на тоа дека во Холиивуд тајните не остануваат долго сокриени, очекуваме во брзо време да дознаеме повеќе за оваа таинствена релација. :)