Категории

Во Русија регистрирана рекордно ниска температура од минус 62 степени

Рекордно ниска температура од минус 62 Целзиусови степени е регистрирана во областа Големо Олхово во автономниот округ Ханти-Мансиск, соопштија локалните власти во средата.

„Пред неколку дена во селото Казим Белојарско беа измерени минус 58 степени… Видливоста практично е никаква. Последните податоци покажуваат минус 62 степени денеска.., во истата област“, изјавил за агенцијата РИА претставничката на локалните власти Елена Шумакова.

Поради големиот студ прекината е наставата во училиштата. Претходно е објавено дека поради многу лошите временски услови одложени се сите летови на локалните аеродроми.

Според властите, метеоролозите прогнозираат во петок температурата да се покачи на минус 30 Целзиусови степени и се шегуваат дека ќе им биде како да се на некои јужно одморалиште.

Апсолутниот температурен рекорд кој е регистриран во Русија, е забележан во селото Ојмјакон во Јакутија, кого го нарекуваат „пол на студот“ на планетата. Таму во 1938 година биле измерени минус 77,8 Целзиусови степени.

Извор: Макфакс

Прегледи:
347
Објавено на:
25.12.2016