Во секоја земја, луѓето со нетрпение очекуваат да пристигне Божиќ и Новата година. Одамнешни времиња постои традиција децата да му испраќаат писма на Дедо Мраз, во кои му ги пишуваат своите Божиќни желби, а потоа тој на Бадниковата вечер доаѓа и ги остава подароците под новогодишната елка.
Дали некогаш сте размислувале како во другите земји низ светот, луѓето го викаат Дедо Мраз? Еве можност да го дознаете тоа.
САД – Santa Claus
Монголија – Uvliin Uvgun
Италија – Babbo Natale
Белорусија – Zyuzya
Франција – Père Noël
Ерменија – Dzmer Papi или Kakhand Papi
Холандија – Sinterklaas
Грузија – Tovlis Babua
Финска – Joulupukki
Полска – Święty Mikołaj
Кина – Dun Che Lao Ren
Естонија – Jõuluvana
Велика Британија – Father Christmas
Русија – Ded Moroz
Шведска – Jultomten