Следниве два хороскопски знака целосно се наклонети еден на друг и си одговараат на сите полиња. Нивната страст и хемија се совршен спој. Зборуваме за љубовна комбинација од Бик и Шкорпија.
Шкорпијата го обожава тоа што не може лесно да го добие Бикот и тоа е дозата на предизвик што ја сака овој хороскопски знак додека пак Бикот ужива во физичкиот контакт и тежнее за достигнување на емотивна сигурност. Шкорпијата зрачи со привлечност и во љубовта очекува многу страсти, а Бикот го обожава тоа.
Стабилен и конзервативен, Бикот е меѓу знаците кои имаат најмногу самодоверба. Од друга страна, Шкорпијата е одличен водич и луѓето родени во овој знак секогаш се свесни за секоја ситуација, а, исто така, посебно се истакнуваат во снаодливоста.