Категории

Дознајте кој ден е идеален за љубовни средби во 2017 година

„Hinge“, апликацијата за пронаоѓање партнер, пресмета кој ден е најдобар за состанок и за секс со нов партнер во 2017 година.

Одговорот е – 1 јануари.

Според прогнозите, баш на тој ден ќе има и многу нови корисници на апликацијата, но и луѓе кои баш тогаш ќе излезат на прв состанок.

Како причина за тоа се наведува дека луѓето тогаш се порелаксирани, се уште се под влијание на празничното расположение, а на оние кои си поставиле цел да најдат нова љубов во новата година, нема да им се чека многу.

Од 2012 година, според апликацијата, токму 1 јануари се смета за најдобар ден за нови љубовни почетоци.

Апликацијата на 1 јануари 2016 година имала 35 отсто повеќе корисници отколку преостанатите денови во годината. На 1 јануари 2015 година, пак, разменети се 64 отсто повеќе телефонски броеви отколку преостанатите денови.

Прегледи:
339
Ознаки:
· ·
Објавено на:
29.12.2016