Категории

Со помош на едноставен трик вратите од автомобилот никогаш нема да замрзнат (видео)

Се будите рано наутро, брзате за работа, вратата од автомобилот ви е замрзната и немаат намера да се отворат. Сигурно барем еднаш сте имале прилика да се соочите со овој непријатен зимски проблем.
За среќа, постои едноставен и генијален трик со кој никогаш повеќе нема да имате ваков проблем. Се што ви е потребни е било кој вид маснотија, а добро може да послужи и обично шише со масло.
Штом ќе излезете од возилото, намачкајте ја гумата околу автомобилската врата и следното утро без проблем ќе ја отворите.
Инаку, никогаш немојте на сила да ја отворате замрзнатата врата затоа што така може да ја оштетите. Ако можете, полејте ја со топла вода, но никако жешка затоа што може да дојде до пукање.

Бонус видео:
Погледнете трик кој ќе ви покаже како може да стартувате автомобил доколку ви се испразнил акумулаторот:

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
336
Ознаки:
· ·
Објавено на:
04.01.2017