Популарните сестри Џиџи и Бела Хадид заблескаа на фотографиите на новата кампања на модната куќа Moschino која ја сними познатиот фотограф Steven Meisel.
Meisel ги фотографираше Џиџи и Бела облечени во најновите парчиња од новата Moschino колекција во папараци стил како би се поиграл со поимот на славата и вечната опкруженост на познатите фотографи во трката да го снимат секој покрет на познатите модели. „Ме инспирираа папарацо фотографиите и немилиот инцидент кој неодамна Џиџи го имаше во Милано што додаде уште едно значење во нашиот концепт“, изјави фотографот после снимањето на кампањата чиј потпис го има познатиот дизајнер Jeremy Scott.