Француската модна куќа Louis Vuirron ја објави својата најнова кампања за колекцијата пролет/лето 2017 која ја сними славниот фотограф Bruice Weber.
Дел од кампањата е снимена низ паризките улици а останатиот дел во студиото на познатиот фотограф, а спојот помеѓу резултира со волшебна француска енергија која ја пренесуваат амбасадорките на брендот Michelle Williams, Jennifer Connelly и Sasha Lane облечени во најновите парчиња од колекцијата. Креативниот директор Nicolas Ghesquiere изјави дека кампањата е снимена во Париз затоа што духот на градот е проткаен во имиџот на модната куќа и тоа е она што ја прави една од најпрепознатливите иконски модни куќи.