Категории

НАЈТИВКО МЕСТО НА СВЕТОТ: Град во кој се забранети мобилните и интернетот (фото+видео)

Во Грин Бенк живеат само 143 луѓе. Ова место во Западна Вирџинија се наоѓа во Зоната на тишината на националното радио, а се протега на 33,7 илјади километри квадратни во зона каде е забранета радио-трансмисија.

Тоа значи дека жжителите на Грин бенк на радио слушаат само шумови, а зоната е воспоставена за да се избегне елктромагнетното мешање од брановите на блискиот радио-телескоп, инаку најголемиот во светот. Населението во овој град живее во „технолошки вакуум“, а познат е и како најтивкиот град во светот.

Радио-телескопот кој е сместен во Грин Бенк служи за истражување на вселената, а за да бидат сигурни дека телескопот може да работи без пречки забранета е бежичната комуникација. Бидејќи сигналот од вселената е доста слаб, неопходно за животот во околината е да биде што потивко. Поради тоа дури и микробрановите печки мора да стојат во стаклени ѕвона.

Доколку би се обиделе да поставите рутер за интернет во својот дом, веднаш ќе ве посети екипа која патролира по улиците.

Во Грин Бенк можете да сведочите на спојот на руралната атмосфера и неверојатно развиената модерна технологија – вели Џеј Локман, еден од научниците во Грин Бенк.

Ако се прашувате кој сака да живее тука, одговорот е се повеќе луѓе. Кога е воспоставена зоната на тишината во 1958 година поголемиот дел од луѓето се отселиле, но денес многумина се враќаат.

Ова место за туристите е посебно привлачно, но мештаните велат дека има чудна моќ и може да се ужива во тишината.

Прегледи:
471
Објавено на:
07.01.2017