Категории

Miu Miu не носи на летна авантура во новата кампања

Песочните плажи и кристалната морска вода се покажаа како беспрекорна „кулиса“ на новата кампања на модната куќа Miu Miu и нејзината најнова колекција наменета за сезоната пролет/лето 2017.
Шарената серија фотографии за Miu Miu ги сними фотографот Alasdair McLellan, а пред неговиот објектив застана младата холивудска актерка Elle Fanning, и познатите модели Karen Elson, Carolyn Murphy и Lara Stone. На визуелизацијата преточена преку сончевите пејсажи се претставени најновите парчиња од колекцијата, како ретро костими за капење и бањарки во весели летни бои.

Прегледи:
422
Ознаки:
·
Објавено на:
08.01.2017