Категории

Кејтлин Џенер лансира мејкап колекција во соработка со брендот MAC

Долгоочекуваната колекција шминка на Кејтлин Џенер конечно го виде светлото на денот.
Во соработка со мејкап гигантот MAC, Кејтлин минатата година ја лансира колекцијата кармини именувана како Finally Free а сретствата од продажбата беа донирани во MAC AIDS Fund Transgender Initiative, организација која обезбедува поддршка и програма посветена на подобрување на животот на трансродовите луѓе. Кејтлин Џенер тогаш храбро ја подели својата приказна а MAC продолжи во тој смер со новата колекција за сите возрасти, раси и полови. Елегантни класични нијанси за усни, очи и образи кои совршено одговараат на оние кои го живеат животот во целост во кој облик се чувствуваат најсамоуверено. Целата колекција можете да ја погледнете на официјалниот сајт на брендот.

Прегледи:
272
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
08.01.2017