Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан.
Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања.
Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.
Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.
Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден.
Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го¬лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.