Вареното или греено вино е доста популарен пијалaк во студените зимски денови. Неговиот сладок вкус и топлина ви помагаат да се чувствувате порасположено и потопло. Затоа, уште денеска спремете од овој топол напиток и уживајте во вкусот на виното!
Состојки
- 2 мали портокали
- 1 лимон
- 1 лимета
- 200 кафен шеќер
- 6 карамфилчиња
- 1 стапче цимет
- 3 листа ловор
- малку мускатно оревче
- 1 стапче ванила
- 2 ѕвезди анис
- 2 шишиња црно вино
Начин на подготовка
Излупете делови од кората на портокалите, лимонот и лиметата. Ставете го шеќерот во голем сад на среден оган, додадете парчиња од цитрусната кора и исцедете сок од портокал. Додадете ги карамфилчињата, стапчето цимет, ловоровите листови и мускатното оревче. Исечете го надолжно стапчето ванила, додадете една половина во смесата и промешајте, а потоа дадете токму толку црвено вино колку да ги прекрие состојките.
Оставете да крчка се додека шеќерот не се растопи потполно и не почне да врие. Оставете го виното да врие околу 5 минути, додека не добиете густ сируп. Причината поради која прво се прави сипурот е тоа што на овој начин се прави одлична вкусна основа. Важно е да го направите сипурот прв бидејќи треба да биде прилично жежок, а ако го направите истото со двете шишиња вино ќе го изгорите алкохолот.
Кога сирупот ќе биде готов, смалете ја јачината на оганот, додадете го анисот и остатокот од виното. Полека загрејте го виното и по околу 5 минути, кога ќе биде топло и вкусно префрлето го чаши и сервирајте.
Совет: Сите состојки можете да ги намалите или да додадете некои свои омилени, со цел да добиете вино со вкус каков што преферирате. Најважно е да ја следите постапката за подготовка на сирупот кој е основа за совршениот вкус на вареното вино.