Категории

Заводливи ретро вибрации во новата колекција на Christian Louboutin

Кралот на аксесоарите Christian Louboutin ја претстави својата најнова колекција за пролет/лето 2017 која изобилува со луксузни парчиња и го носи името The Remix.
Својата колекција од ташни и чевли, Louboutin ја зави во шармантен ретро дух и ги претстави преку заносните визуели кои изобилуваат со заводливи ретро вибрации. Парчињата се претежно во светкави и анимал принт дезени и секое од нив е изработено рачно. Љубителите на ретро гламурот сигурно ќе се сложат дека оваа колекција е навистина сон да се поседува во ормарот.

 

Прегледи:
243
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
16.01.2017