Категории

Alex Perry – омилениот дизајнер помеѓу познатите дами

Alex Perry е моментално едно од најзвучните имиња во светот на модата поради тоа што е миленик на многу познати дами. Австралискиот дизајнер освојува со своите заводливи, гламурозни и провокативни креации. Тој ги освои срцата на бројни дами од светот на шоу бизнисот како Натали Портман, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Миранда Кер, Ел Макферсон и многу други кои со големо задоволство ги носат неговите креации. Бајковитите тоалети се најдоја на насловните страници на бројни престижни модни списанија како Vogue, Harpers Bazaar, InStyle што докажува дека ова е новото име во модниот свет од кое се очекува многу.

Прегледи:
303
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
16.01.2017