Категории

Зошто ништо не е случајно, туку сѐ се случува со причина?

Сите сме се нашле во ситуација кога не сме можеле да објасниме некоја случајност. На пример, случајно сте решиле да му се јавите на некој ваш стар пријател и во истиот момент тој ви се јавил вам. Или пак, случајно сте налетале на некоја ваша пријателка и сте почувствувале како разговорот со неа навистина да ви го променил животот. Дали сте си поставиле некое прашање и одеднаш сте го нашле одговорот на некој уличен графит или парче хартија случајно фрлено на земјата? Кога ќе се соочиме со вакви случајности, нормално е што не можеме да поверуваме во нив.

Одличен пример за оваа појава е приказната на глумецот Ентони Хопкинс. Тој требало да глуми во филмот „Девојката од Петровка“ (The Girl from Petrovka) кој бил инспириран од истоимената книга на Џорџ Фајфер. Хопкинс сакал подобро да се запознае со неговиот лик, па затоа ја барал оригиналната верзија на книгата која не можел да ја најде ниту во една книжарница и библиотека. Глумецот изгубил надеж дека некогаш ќе ја најде книгата. Но, еден ден, тој случајно здогледал копија од романот оставена на клупа во подземната железница. Потоа, додека патувал за да стигне до филмскиот сет, Ентони случајно се сретнал на аеродром со писателот на романот, Џорџ Фајфер. Писателот му се пожалил на глумецот дека ја позајмил највредната копија од книгата со сите негови белешки на некој пријател, но тој ја изгубил некаде во подземната железница. Како би го објасниле овој необичен настан?

Се чини дека сите настани во светот, сите луѓе и сите информации се поврзани меѓусебно со невидливи конци кои понекогаш случајно блеснуваат. Според познатиот психијатар Карл Густав Јунг, тоа навистина е така. Овој феномен се вика синхроницитет и е едно од најмистериозните нешта во универзумот.

Јунг заклучил дека постои тесна врска помеѓу човекот и неговата околина, поточно помеѓу просторот, времето, свеста и потсвеста. Во одредени моменти под влијание на определени објективни значења кои му се важни на поединецот, може да настане најсилната привлечност. Оваа привлечност ги предизвикува сите неочекувани случајности и совпаѓања кои ги нарекуваме фатални несреќи, катастрофи, неверојатна среќа, па дури и чуда.

Колку посилна е оваа врска помеѓу вас и луѓето околу вас, толку поголема е веројатноста дека ќе ги забележувате и ќе им придавате значење и на најмалите нешта како што се рекламите, песните, средбите, сликите, разговорите и сетилните дразби.

Секако дека не постои научен доказ за постоењето на овој феномен, но мора да признаеме дека понекогаш мистичните работи ни помагаат да дејствуваме, да донесеме одлуки, па дури и да внесеме радикални промени во нашиот живот. Само треба да бидеме повнимателни и отворени кон можноста да предизвикаме синхроницитет.

„Добрата случајност е само една од формите на дејствувањето.“– Дон Жуан

Погледнете внимателно околу себе! Ако добро ги отворите очите, насекаде ќе го забележувате синхроницитетот и ќе најдете објаснување за сите прашања кои ве мачат.

Прегледи:
496
Објавено на:
20.01.2017