Донатела Версаче изјави дека отсега па натаму, Atelier Versace нема да ги прикажува своите haute couture колекции на стандарден ревијален начин, туку раскошните фустани за на црвениот тепих ќе бидат претставувани на интимни свечености и дружења во кругот на специјалните гости со чаша шампањ.
Versace својот најнов концепт го претстави во 17 различни парчиња од високата мода, а новата сезона на модната куќа содржи многу гламурозни тоалети со препознатливата доза сексипил која Донатела толку суптилно ја вметнува низ секоја од нејзините креации.
Декадентните перја, плисираниот материјал, провокативните провидни материјали и драматичните кроеви надополнети со парчиња Swarovski кристали, ствараат еден сензуален и блескав ефект што ги прави овие тоалети уште по ефективни и гламурозни.