Анџелина Џоли е новата дама на парфемот Mon Guerlain, парфемот кој таа го создаде во соработка со брендот која е договорена во Камбоџа, државата од која актерката го посвои својот најстар син. Секако позната како една од најголемите хуманитсти на нашето време, приходите собрани од продажбата ќе ги донира во добротворни цели. Анџелина која со месеци го држи својот приватен живот во тајност и одлучи да се фокусира на семејниот живот, изјави дека е една од најголемите обожаватели на брендот Guerlain на кого се сежава уште од најрана возраст како еден од омилените брендови на нејзината мајка. Таа изјави дека тој е симбол на вистинската софистицирана и самоуверена жена, каква што всушност била нејзината покојна мајка а овој парфем го создаде во спомен за неа.